Во новата сезона Хамилтон ќе заработи 12.000.000 долари повеќе од Фетел

97

Подготовките за новата сезона во Формула 1 се полн ек и екипите се подготвуваат со полна пареа со цел да им парираат на возачите на Мерцедес, кои доминираат веќе неколку сезони. Но, непосредно пред почетокот на новата сезона на виделина излегоа платите на возачите во најбрзиот циркус на денешницата.

Овие информации шокираа многумина, бидејќи има неверојатна разлика во заработувачката на пилотите. Најмногу се истакнува Британецот Луис Хамилтон, бидејќи Мерцедес не штеди кога во прашање е актуелниот светски шампион и тој добива толку пари колку и што ќе побара.

Британскиот возач во 2019 година ќе заработи неверојатни 57 милиони долари со што е убедливо прв на оваа листа. Зад него е Германецот Себастијан Фетел, кој и наредната сезона ќе вози за Ферари. Поранешниот светски шампион оваа година ќе биде побогат за 45 милиони долари и сигурно ќе добие бонус доколку успеа да го победи Хамилтон.

Она што е многу поинтересно е тоа што на третото место е поранешниот возач на Ред Бул, Даниел Рикијардо. Тој во новата сезона ќе вози за Рено, а неговиот договор е вреден 17 милиони долари, што е драстично помалку од договорот на Хамилтон и Фетел.

Зад него е Макс Верстапен со заработувачка од 13.5 милиони долари, а потоа следат Валтери Ботас – Мерцедес (8,5 милиони долари), Кини Раиконен – Заубер (4, 5 мил. долари), Карлос Сајнц – Мекларен (4 мил. долари), Чарлес Леклер – Ферари (3.5 мил. долари), Серхио Перез – Рејсинг Поинт (3,5 мил. долари), Роман Грожан – Хаас (1,8 мил. долари), Пиер Гасли – Ред Бул (1,4 мил. долари), Ленс Строл – Рејсинг Поинт (1,2 мил. долари), Кевин Магнусен – Хаас (1,2 мил. долари), Роберт Кубица – Вилијамс (570.000), Даниел Квајт – Торо Росо (300.000 долари), Ландо Орис – Мекларен (260.000 дол.), Антонио Џовинаци – Заубер (230.000 дол.), Џорџ Расел – Вилијамс (180.000 дол.) и Александер Албон – Торо Росо (170.000 дол.)