Секоја година во последниот ден од предониот рок се случуваат неколку мега-трејдови во НБА лигата, а така беше и овој пат. Еден од најдобрите центри во најсилната кошаркарска лига, Андре Драмонд, беше трејдуван од Детроит во Кливленд. Овој трејд не му се допадна на Драмонд, кој не не го криеше своето разочарување.

  • Повеќе нема пријатели или лојалност во НБА-лигата. Ова го научив денес. Она што го направија, без најава, ми помогнаа да сфатам дека кошарката е само деловна активност. Те сакам, Детроит. Вие секогаш ќе имате посебно место во моето срце, а сега Кливленд, ајде да ја завршиме сезоната на вистински начин, напиша Драмонд на својот профил на Твитер, откако дозна дека мора да оди во „коњаницата“, која заедно со Голден стејт се најлошите тимови во лигата.

Андре Драмонд има 27 години и играше за Пистонс од почетокот на својата кариера. Тој двапати учествуваше во Ол-стар викендот и важи за еден од најдобрите центри во лигата со години. Тој одигра 542 натпревари за Детроит и во просек бележеше по 14.1 поен по натпревар и 13.7 скока.

Инаку во спротивен правец се испратени Брендон Најт, Џон Хенсон и пик од втората рунда на драфтот.

Исто така екипта на Голден стејт го испрати Д‘Анџело Расел во Минесота во замена за првиот пик на НБА-драфтот од 2014 година, Ендрју Вигинс

Резултати: Њујорк – Орландо 105:103, Чикаго – Њу Орлеанс 119:125, Милвоки – Филаделфија 112:101, Портланд – Сан Антонио 125: 117, ЛА Лејкерс – Хјустон 111:121.