Во река надојдена од бурата Кјара, сурфери најдоа предизвик за забава

31

Минатата недела од Америка пристигна големото невреме во Европа. Бурата Кјара остави пустош зад себе и човечки жртви, но за некои успеа да биде и прекрасна можност за забава.

Најголемата штета е направена во земјите на северот на Европа, а метеоролозите во Англија и Шкотска и понатаму предупредуваат на опасности од поплави.

Снимката која се појави на почетокот од изминатава седмица на фејсбук прикажува разбеснета река во областа Корнвол на југозападот од Англија.

Водата се разбранувала поради лошото време, а бројни минувачи гледале кон мостот во гратчето Буд. На снимката во еден момент се појавуваат сурфери кои со голема брзина се спуштаат кон мостот и минуваат под неговиот свод.

Bude river surfing

Bude river surfing. Making the most of the giant swell and big tides to surf up the river in Bude. Some top skills negotiating the bridge! Great video by @paul.pearse.58

Posted by CARVE Surfing Magazine on Tuesday, February 11, 2020

Локалниот весник наведува дека сурфањето на речните бранови не е необична појава во Корнвол. Овде се наоѓа едно од најпопуларните места за сурфање во Велика Британија. Станува збор за реката Северн која поминува покрај градот Глостер. Водата се слива кон заливот кој е всушност нејзино устие во Атлантскиот океан. Ккога доаѓа прилив, овде настануваат големи бранови и сурфери од цела Британија го обожаваат, пишува Фокс.

Бурата Кјар во текот на изминатата седмица предизвика огромна штета на источниот брег на САД, а ветерот дуваше со брзина од околу 160 километри на часот. Во Европа се забележани неколку смрти случаи, а бурата ги погоди најмногу Велика Британија, Германија, Полска, Шведска, Чешка и Словенија.