Во Музеј на Македонија: Предавање за африканскиот колонијализам и воајеризам

30

„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ е предавањето на Илина Јакимовска, кое во рамки на изложбата „Духовите на Африка“ ќе се одржи утре (8 ноември) во 12 часот во Музејот на Македонија.

“Предавањето ќе се концентрира на начинот на кој визуелно биле претставувани африканските индивидуи на крајот на 19 и почетокот на 20 век. „Панаѓурското“ изложување на претставници на африканските народи пред љубопитните погледи на жителите на Европа и САД имало за цел да создаде контраст помеѓу наводното дивјаштво на првите, и „цивилизираноста“ на вторите“, стои во најавата за предавањето во кое акцент ќе биде ставен врз судбините на Конгоанецот Ота Бенга и Јужно-африканката Сара Бартман, како парадигматични за конструирањето стереотипи поврзани со расата и различноста, чие ехо одекнува и денес.