Во Москва нови закани за бомби, се евакуираат трговски центри

90

Четири трговски центри во Москва се евакуирани по дојава за подметната бомба.

„Луѓето се евакуираат од трговските центри „Хадсон“ и „Хорошо“ поради закана од експлозија“ наведува за руската новинска агенција ТАСС неименуван извор, од службата за вонредни ситуации.

Претходно беа упатени закани за бомба во трговскиот центар „Капитол“, југозападно од Москва, како и во центарот „Мега“ во Химкиј, северно од руската престолнина.

Претходно, денеска, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со којшто двојно се зголемува затворската казна за „телефонски тероризам“ од 5 на 10 години.