Во МНТ: “Благуна” монодрама на Шенка Колозова

70

Во Македонскиот народен театар на 11 и 18 февруари на малата сцена, со почеток во 19 часот, театарската публика ќе има можност да ја види претставата “Благуна“, монодрама во изведба на Шенка Колозова.

Благуна е еден од многуте прекрасни ликови во романот “Разбој” од писателот Владо Малески. Токму “Разбој”, еден од најдобрите романи во нашата книжевност, беше предизвик за Колозова од главниот лик на романот да направи монодрама во која вложи многу работа и љубов.

“Долгогодишното сценско искуство и даде самодоверба сама, и без режисер, да ја подготви претставата, така да се работи за едно авторско дело чија досегашна изведба публиката ја следеше со големо внимание и многу емоции”.