Во март се очекува да пристигнат 17 еколошки автобуси

65

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска најави дека околу 12 март се очекува да пристигнат од 17 до 33 нови екоавтобуси во Скопје. Тој во одговор на новинарско прашање информира дека екоавтобусите во моментов се наоѓаат во фабриката на МАН на увид.

Шилегов додаде дека еко автобусите се со црвена боја иста како и останатите автобуси во Скопје како заштитен знак, а внатрешноста на овие автобуси уште се работи.

– Од јавното сообраќајно претпријатие ми ги пратија сликите од екоавтобусите, а во моментов МАН врши нивен надзор. Нашиот МАН е премиум производител, не е некој непознат кинески производител, со кои сега имаме проблем во набавка на новите делови, поради корона вирусот- изјави Шилегов.