Во македонскиот КИЦ во Софија ќе се одржи книжевна вечер со писателката Ана Багријана

55

Во македонскиот КИЦ во Софија денеска во 18:30 часот ќе се одржи Книжевна вечер со писателката и преведувачка Ана Багријана.

Таа е поетеса, романсиер, драматург, преведувач од Украина и е родена на 24 март 1981 година во Фастов, Киевската област. Дипломирала украински јазик и литература на Филолошкиот институт на Националниот универзитет Тарас Шевченко во Киев. Работела како новинарка во телевизија, радио и печатење.

Бугарскиот литературен критичар и издавач Пламен Тотев и директорот на КИЦ во Софија д-р Сашко Насев, ќе зборуваат за нејзиниот богат преведувачки опус, кој опфаќа голем број наслови од македонски автори преведени на украински, како и за нејзиниот писателски труд.

Посетителите ќе имаат можност да слушнат делови од современата литература на три јазици – македонски, бугарски и украински.

За збогатување на интерпретацијата на избраните кратки текстови ќе се погрижи режисерот и актер Ѓорѓи Георгиев – Антика, кој е од Македонија, но живее и работи во Бугарија.