Во Македонска Каменица  функција ставена првата “Училишна сообраќајна единица”

27

Во Македонска Каменица почна да функционира “Училишна сообраќајна единица”, организирана од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и СОУ “Миле Јаневски Џингар”. Двата изминати дена се реализира првата од низата акции чија првенствена цел е да се подобри сообраќајната свест и да се унапреди сообраќајната култура кај учесниците во сообраќајот во Македонска Каменица.

Како што информираат од Општина Македонска Каменица, учесниците во акцијата имаат советодавна улога и преку промотивни материјали ќе делуваат за почитување на сообраќајните правила и прописи.
Целта на овие акции е да се покрене културата и етиката кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот, но и да се поттикне локалното население активно да се вклучи во општествените процеси за креирање на општество со високо ниво на сообраќајна култура и издигнување на безбедноста во сообраќајот како највисока општествена вредност, велат од Општина М. Каменица.