Во Македонија има 6.813 активни случаи на ковид-19, половина од нив се во Скопје

39

Според податоците од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, во Македонија има вкупно 6.813 активни случаи на ковид 19. Од нив половина или 3.413 се во Скопје, по што следуваат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 2018, Прилеп со 212  и Штип со 211.

Најмалку активни случаи, пак, има во Демир Капија и Пехчево каде е региструран по еден случај, по што следува Дојран со два и Македонски Брод со девет.

Сите останати општини имаат двоцифрен или троцифрен број активни случаи.

Досега, во земјава се направени вкупно 1.339.824 тестирања, а вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 196.762.

Бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати сод ковид-19 се 6.922 лица.