Во Македонија има пензионери кои земаат 49.000 денари пензија

1061

Според статистиката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Македонија има пензионери кои земаат 49.360 денари пензија, што е многу повеќе од просечната нето-плата исплатена во земјава, која е нешто над 24.000 денари
Вкупно 312.703 пензионери земаат пензија од ПИОМ по основ на остварено работно право, а поголем број од нив имаат старосна пензија. Но, се поставува прашањето колкава е највисоката пензија во Македонија? Во јули, според статистиката на ПИОМ, има пензионери чии месечни приходи достигнуваат и до 49.360 денари.
Во групата во која се пензионерите со максимални примања во јули имало вкупно 2.008 луѓе. Тоа значи дека сите овие пензионери зимаат од 37.537 денари до 49.360 денари.
Најголем дел од вкупниот број пензионери, вкупно 193.204, земаат пензии од 11.131 денар до 37.537 денари.
Помала група се пензионерите кои имаат минимална пензија од 8.716 денари до 9.189 денари месечно. Во оваа група има 93.493 пензионери.
Меѓутоа има и такви кои земаат под минималната пензија до 8.716 денари, а во оваа група спаѓаат 23.998 луѓе.
Инаку просекот за исплатена пензија во јули изнесува 14.145 денари.
Вкупниот број корисници на пензија е поголем ако се пресметаат и тие кои земаат воени и земјоделски пензии. Во јули корисници на пензија од воено право се 1.316, додека земјоделски пензии имаат 241 лице.