Во крававиот пир во Цетиње убиени се 11 лица меѓу кои има и деца

335

Во вооружениот инцидент што се случи попладнево во Цетиње, Црна Гора, има 11 мртви, а меѓу нив и деца. Според информациите што ги објавија црногорските медиуми, ранети се најмалку шест лица.

Инцидентот се случил денеска околу 16 часот во населбата Медовина, кога 34-годишниот Вучко Бориловиќ по семејната караница излегол на улица и почнал да пука во слуајните минувачи и во полицајците.

Како што потврди Радио Цетиње, според првичните информации, 10 лица настрадале на лице место. Еден полицаец е ранет во главата, но е вон животна опасност. Се уште не е познато дали сторителот на делото е ликвидиран во судирот со полицијата или извршил самоубиство, јавува Радио Цетиње.

Истрагата е во тек а, местото на несреќата е под силно полициско обезбедување.