Во Косово вчера регистрирани 10 починати и 521 заболен од Ковид-19

23

Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.026 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа 10 од пациентите заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 521 новозаболен, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 40.117. Од нив, вклучително вчерашните 585 излекувани, болеста досега ја совладале 25.586 лица.

Официјално, согласно последните податоци, во земјата моментно има 13.579 носители на заразата.

Вчера се извршени 1.375, а вкупно досега 145.363 тестирања со методот РТ-ПЦР.