Во кои земји е најдобро да ги поминете пензионерските денови?

705

Истражувањето на 17.000 испитаници покажало дека Американците ја сметаат Швајцарија за најдобра земја за минување на пензионерските денови.

Исто така, според резултатите, станува збор за Американци кои често се одлучуваат да ја поминат староста надвор од својата земја од повеќе причини, меѓу кои најважни се помалите животни трошоци, подобра здравствена заштита, пријатна клима итн.

Швајцарија на прво место

Според мислењето на најголемиот број испитаници за потребите на ова истражување, Швајцарија може да им понуди најмногу на американските пензионери, благодарение на тоа што има „пријателски“ даночен систем, но и затоа што е правна држава во која граѓаните знаат на што можат да сметаат.

Исто така, има високо развиен и достапен здравствен систем.

На второ место е Португалија, каде што трошоците за живот се значително пониски отколку во САД и која има пријатна клима. По неа е Австралија поради географските привлечности и пријателското население, па следува Нов Зеланд, кој генерално важи за „среќна и безгрижна“ земја.

На петтото место е Шпанија, со умерена клима, многу културни содржини и програмата „златна виза“, која им овозможува на богатите пензионери полесно да стигнат до документи  доколку купуваат скапи недвижнини во таа земја. На врвот на листата се и Канада, сите скандинавски држави (Данска, Шведска, Норвешка и Финска), Италија и Луксембруг.