Во Капан ан и Кинотека: „Блендер“ – фестивал за децентрализирана култура

133

„Блендер“ е насловот на фестивалот за децентрализирана култура што ќе се одржи на 13 и 15 јуни во Капан ан и Кинотека, во организација на невладината организација Кино – Балкан.

„Целта на овој проект е коренита и суштинска децентрализација на културата во државата преку креирање на интрарегионални партнерства меѓу локалните институции, организации и индивидуалци, како и нивно вмрежување со сродни институции од главниот град“, стои во најавата на организаторот.

На програма на 13 јуни во Капан ан од 24 часот се дј-сетовите на Мартчин и Роботек, а на 15 јуни во Кинотека е од 20 часот е закажана проекција на филмови на Божа Васиќ (Нови Сад, Србија) – „Дами во бело“ и „Дефинирање на гравитацијата“, изложбата на фотографии од серијата „Поместување – кога твојот свет се превртува наопаку“ и концерт на скопското трио „The Local Blue“.