Во каков стан живее Сузана Манчиќ?

19

Најпознатата екс-југословенска водителка, но воедно и српска  тв личност Сузана Манчиќ живее раскошно во својот голем стан од 170 квадратни метри во строгиот центар на Белград. Живее во една стара зграда, но станот кој е купен пред 10 години, потполно е реновиран.
– Вложив доста пари да го реновирам станот, но не жалам. Станот е голем со три тераси, широк е и осветлен од сите страни. Ова е сега крај со моите преселувањата. Во куќата не би можела да живеам. Доста се селев, немам веќе нерви за тие работи. Станот си го наместив според мојот вкус. Центарот на Белград воопшто не ми пречи, а не ми пречат ниту комшиите, ниту нив им пречат моите домашни миленици, кучето и мачето. Јас им се чудам на оние кои живеат на 20, 30 километри од центарот на градот, како воопшто функционираат, се прашува згодната водителка, која е и одлична домаќинка во кујната.