Кавадарци продолжува да ги отстранува старите куќи подложни на паѓање во градот со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. Од општината информираат дека се работи на проектот за пробивање на улицата „Кукушка”. Се спроведе уривање на стара куќа подложна на паѓање, како и отстранување и расчистување на просторот.
– Со овој зафат се отстранува сериозна опасност по пешаците и сообраќајот на улицата „Мито Хаџи Василев-Јасмин”, каде што секојдневно има голема фреквенција на возила како и пешаци, особено на учениците од гимназијата „Добри Даскалов” – велат од локалната самоуправа.
Со пробивањето, како и проширување на оваа улица, се отвора нов пократок и директен сообраќаен пристап за жителите на оваа улица кон една од главните сообраќајници во градот.
– Согласно проектот овде претходно извршивме промена на подземната инфраструктура, а беше изграден и армирано-бетонски потпорен ѕид – велат од општината.