Во Кавадарци изложба на Владимир Темков

153

Изложба на слики од уметникот Владимир Темков е отворена во Кавадарци.

„Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Магистрирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Има бројни самостојни изложби во земјава и странство. Учествувал на многу групни изложби и ликовни колонии. Тој е еден од основоположниците на најголемата ликовна колонија на Балканот – ‘Кавадарци-Михајлово’”, рече актерот Диме Коцевски на отворањето на изложбата.

Претседателот на Совет на општина Кавадарци Ристо Сакалиев ја пофали работата на Темков, кого го нарече амбасадор на Кавадарци низ светот. Авторот, пак, изрази задоволство од големата посетеност на изложбата, на која беше промовирана и монографија за неговиот творечки пат.