Во Икона: Изложба “Рута 49“ на Златко Панзов

143

Во новата книжарница на книготека Икона (Аминта Трети бр.3) во Скопје, авторот Златко Панзов на 15-ти јуни (19 часот) во Скопје, ќе има самостојна изложба на фотографии насловена како „Рута 49“.

Изложбата се состои од 15 фотографии направени во трамвај со број 49 во Будимпешта. Тоа е трамвајот што Златко Панзов го поврзува со минатото, со највлијателниот унгарски автор Деже Костољани кој секојдневно ја минувал истата рута, но и со пасажи од делото „Корнел Ешти“ чиј автор е токму Деже Костољани, а преведувач на македонски јазик е Златко Панзов.

Станува збор за црно-бели фотографии печатени во димензија 30 на 40 сантиметри и изложени на неконвенционален начин преку имитација на трамвај во кој фотографиите имитираат прозорци.
Изложбата ќе ја отвори организаторката Магдалена Стојмановиќ, а ќе зборува и  авторот Златко Панзов.