Во завршна фаза новиот парк меѓу бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Јордан Мијалков“

96

На барање на околните жители, Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ се  во завршна фаза на подигање нова зелена паркова површина на просторот меѓу булеварот „Кочо Рацин„ и улицата „Јордан Мијалков“.

-На овој потег во центарот на Скопје, долгогодишниот див паркинг на земјена површина се трансформира во новоуреден парк со површина од 1.600 квадратни метри, со нови дрвја и садници, систем за наводнување, летниковци и дополнителни содржини за уживање и рекреација на граѓаните – информираат од Град Скопје.

Град Скопје  продолжува со активности за уредување на нови зелени површини и формирање на зелени коридори со цел реализација на проектите од програмата во интерес и на барање на граѓаните.