Во Грција, на море: прегрнати Перо Антиќ и фолк-пејачот Роквиќ – жените воодушевени!

426

Откако помина дел од летото во турската туристичка мека Бодрум со својата љубена Катарина Ивановска-Кика, нашиот славен кошаркарски ас Перо Антиќ сега летува кај Грците. Но, таму воедно одлично се забавува во друштво на синовите, но и во друштво на својот добар пријател, популарниот пејач Никола Роквиќ.

Тие се толку уиграни, мислиш дека се или на сцена или на кошаркарски паркет, не се одвојуваат еден од друг дури и кога се на плажа. Поради својот атрактивен изглед, привлекуваат огромен број погледи од понежниот пол. Особено нашиот Перо, поради интересните тетоважи.

Фотографијата на која се прегрнати, а која ја објавија од Грција, има само една порака: „Буразер и брат!“ Така напишаа двајцата, а потоа добија над стотина интересни коментари од голем број обожавателки. (Д.М.)