Во Гостивар инвестициите речиси на нула, а транспортот, угостителство и градежништвото најпогодени сектори од пандемија

62

Угостителската дејност, транспортните компании и градежништвото во гостиварскиот регион се најпогодени од пандемијата. Инвестиции речиси и да нема, бидејќи компаниите се борат да обезбедат услови за тековно работење. Овие заклучоци произлегоа од панел-дискусија на тема: Влијанието на Ковид 19 пандемијата врз социо-економската состојба во Гостивар.

Настанот е дел од активностите на Локалниот економско социјален совет (ЛЕСС) во кој партиципираат претставници на локалниот бизнис (стопанството) и институции.

Гоце Димовски експерт за инвестиции и економски развој во дебатата напомена дека како последица од пандемијата со КОВИД-19, угостителството, транспортот и градежништвото се најпогодени сектори во општина Гостивар.

Недостигот од доволно средства и буџет за долгорочни инвестиции, го попречија работењето на многу компанија во гостиварскиот регион.

-Иницијативи од инвеститорите скоро и да немаше за време на кризата, делумно и затоа што фирмите немаат буџет за долгорочни инвестиции. Помошта од државата влијаеше врз ублажување на ударот што го имаа фирмите и поддршка на тековното работење, посочи Музафер Таири, стопанственик од Гостивар.

На панелот учествуваа и Љуљзим Османи, претседател на Регионална занаетчиска комора, Садат Арифи, Сектор Финансии Општина Гостивар.

Панелот во Гостивар е дел од соработката помеѓу Граѓанската организација АДИ Гостивар и Младинскиот културен центар – Битола и е во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата.