Во Гази Баба прскано против бубашваби

147

Во населбите во Гази Баба од сабајлево е прскано против инсекти. Жители на оваа општина веста ја објавија на фејсбук.

Покрај благодарноста што ќе бидат спасени од наездата на бубашваби кои се појавија деновиве не само во овој реон, туку и во Аеродром и Ново Лисиче, жителите се револтирани што екипите за прскање не си ја вршеле работата како што треба, односно додека „едниот од екипата прскал, другиот го фотографирал, а двајцата земаат плата за работењето“.

– Така е земаат плата и двајцата за работа, сликањето е дел од работата на едниот работник која му одзема 30 секунди, до една минута, потоа продолжува со работните задачи кои му се зададени. Сликите ни се потребни за евиденција за завршената работа за транспарентно информирање на кризниот штаб преку кој моментално работиме во оваа вонредна состојба. Работата е секако навремено и ефикасно завршена, се извинуваме доколку створило револт – одговори Петковски Петар.

Во наредниот период ќе бидат прскани и парковите и училишните дворови против крлежи, стршени и мравки.

И жители на Аеродром и Ново Лисиче се соочуваат со наезда на инсекти кои лазат по скалите и по ѕидовите на зградите и велат дека здравјето на граѓаните е во опасност. 

Од општина Аеродром тврдат дека пролетната дератизација против глодари ја  извршиле навреме на почетокот на мај со што опфатиле околу 3.000 шахти во општината.

(С.Бл.)