Во Газа е убиен син на израелски министер

344

Синот на израелскиот министер без ресор и поранешен началник на армијата Гади Ајзенкот е убиен во борбите во Појасот Газа, изјави лидерот на Партијата за национално единство, Бени Ганц.

Израелската армија не објави детали за смртта на Гал Меир Ајзенкот (25), освен дека тој е убиен во борби во северниот дел на Појасот Газа.

„Заедно со целиот Израел, ја испраќам мојата поддршка до Гади и целото негово семејство. Сите ние сме посветени да продолжиме да се бориме за светата кауза за која умре Гал“, рече Ганц.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати телеграма со сочувство на Гади Ајзенкот.

Ајзенкот и Ганц и се приклучија на владата веднаш по нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.