Во Велс казна од 70 евра за секој што не работи од дома!

62

Во Велс на секој што оди на работа, а може да работи од дома му се заканува казна од 70 евра. Од понеделник, компаниите ќе добиваат и парична казна од 1.177 евра секогаш кога ќе го прекршат правилото. Досега имаше само упатства за работа од дома за да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирус.

„Воведени се дополнителни мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот и заштита на јавното здравје“, изјави портпаролот на владата на Велс, пренесува Би-би-си.

Ова е само продолжение на советот дека велшката влада веќе подолго време им препорачува на луѓето да работат од дома каде што тоа е можно, а од понеделник тоа ќе биде законска обврска, освен ако нема разумна причина да се оди на работа надвор од домот.

„Очекуваме работодавците да ги преземат сите разумни чекори за да ја олеснат работата од дома и да им ја обезбедат потребната поддршка на вработените“, рече портпаролот.