Во велешката болница 100 пациенти со ковид, се примаат и на физикалното одделение

14

Во велешката Општа болница се хоспитализирани 100 пациенти што е најмногу од почетокот на пандемијата до денеска. Педесет и пет се на кислородна поддршка, што е исто така најголема бројка досега.

Портпаролката на велешката болница д-р Елеонора Јованова вели дека за жал  бројот на пациенти со тешка клиничка слика на Ковид и на кислородна поддршка постојано расте.

Во изминатите 24 часа повторно се сместени ковид-пациент на Физикално одделение, а  кое од вчера повторно е ковид-сместувачко одделение и таму сега има четири пациенти. На Инфективно има 46, во Модуларната болница 41 и на Интерно Б крак се седум пациенти.

Починати се четири пациенти, испишани  се три пациенти како оздравени со по еден негативен тест.