Во Велес поставени првите подземни контејнери

85

Општина Велес ги постави првите два подземни контејнери на локација наспроти паркингот кај Театарот. Тоа се првите два од 18 подземни контејнери кои треба да се постават на повеќе локации во централното градско подрачје, со цел сметот да не се расфрла како што е случај со стандардните отворени контејнери и со тоа да се заштити животната средина и да не се нагрдува сликата на градот.

Како што појаснуваат од Општина Велес, подземните контејнери се изградени во согласност со просторот, а без притоа да се наруши основната намена на тој простор. Тие се еколошки подобри за разлика од постојните отворени на овие локации во градот.

Поставување на подземни контејнери се планираат и спроти Офицерскиот дом, пред зградата на синдикатот во центарот на градот, до Трговскиот центар во Нова Населба, зад „Суперот“, во населба Тунелот кај Пешачкото мовче над битолската пруга, помеѓу зградата на Централен регистер и Основниот суд и на улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“.