Во Бразил повеќе од 70.000 луѓе починаа од последици од Ковид-19

7

Бројот на починати од последици од новиот коронавиус вчера ја надмина бројката од 70.000, а во изминатите 24 часа во земјата починаа уште 1.214 луѓе.

Во најголемата јужноамериканска држава од последици од Ковид-19 починаа вкупно 70.398 луѓе, а инфицирани се над 1,8 милиони луѓе, со 45.048 новозаболеми сам во еден ден.

Бразил со 212 милиони жители е на второ место по бројот на заразени лица после САД.

Со Ковид-19 е заразен и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој тврди дека „многу добро“ се чувтсвува. Тој се лекува со хидроксиклорокин.

Извор:МИА