Никола Перовиќ, синот на Сузана Перовиќ и Владимир Перовиќ, кој е естраден менаџер, ранет е на раскрсница на улицата Максим Горки и Господар Вучиќ во близина на својот дом. Синот на пејачката одби да соработува со полицијата.
Тој е ранет во нога, а во Ургентен центар со приватен автомобил го однел татко му, а му се констатирани полесни телесни повреди.
Инаку, Никола од порано им е познат на полицајците. Во 2013 година завршил во затвор поради грабеж на бензинска пумпа. Пред неколку години бил на сослушување поради насилно однесување за време кога Сузана била во риалити „Фарма“, а бил и тужен поради нарушување на јавен ред и мир.