Во Битола отворен сообраќаен полигон

107

Во Битола почна со работа нов сообраќаен полигон наменет за практична обука на кандидати за стекнување возачка дозвола.

Полигонот е лоциран на излезот од градот, во населбата Горно Оризари, на земјиште во сопственост на Владата на Република Македонија доделено на општина Битола, а е изграден како донација од „Автомакедонија“, беше посочено на промотивниот настан во Битола,

-Ветивме, исполнивме. За само една година, по спроведена процедура, после многу години, Битола конечно има полигон. Битолчани повеќе нема да имаат потреба да одат во соседните градови за да вежбаат, но и да полагаат возење на сообраќаен полигон, рече меѓудругото градоначалничката на Наташа Петровска.

Според Зоран Кузмановски, управител на сообраќајниот испитен центар АМ ДООЕЛ Битола, по застој од 6 години битолчани повторно ќе може непречено да се обучуваат на сообраќајниот полигон и да полагаат практично возење за добивање возачка дозвола.