Во Битола камион прегази 72-годишна жена

117

На 20.09.2023 во 10.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„8 Септември“, ул.„Филип Втори Македонски“, ул.„Прилепска“, ул.„Македонски Гемиџии“ и ул.„Новачки пат“ во Битола, товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(63) од с.Ношпал, општина Могила, удрило во пешакот М.В.(72) од Битола. Притоа, М.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битолa, соопштуваат од МВР.