Во април, расчистени 67.392 м3 отпадна вода

30

Во текот на месец април, годинава биле речистени вкупно 67.392 кубни метри отпадна вода. Од механичкиот предтретман биле отстранети приближно 1,5 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици…) и 19 08 02 (отпад од песколовец – песок).

Ова се резултатите од месечниот извештај за оперативноста на Пречостетлната станица Волково што го објави јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Како што информираат од претпријатието, во периодот од 01.04.2022 до 29.04.2022 година биле изработени анализи на 16 примероци од две мерни места.

-Направените анализи во месец април, 2022 година покажуваат задоволителни резултати и висок процент на ефектот на пречистување, а вредностите на параметрите на излез се движат во границите на максимално дозволените концентрации според Правилник – нагласуваат од ЈП „Водовод и канализација.

Во Пречистителната станица за отпадни води – Волково се прават анализи на параметри кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во реката Лепенец. Таа е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.

ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија.