Во Албанија за една недела повеќе од 900 потврдени позитивни случаи со Ковид

62
EPA-EFE/RONALD WITTEK

Летната сезона и доаѓањето на голем број на туристи во Албанија ги зголемија случаите на коронавирус пренесува А2 Си Ен Ен. Само во последната недела во Албанија се направени  2.000 тестови за Ковид-19, а речиси половина се позитивни. Пациентите со денови се соочуваат со зашеметеност, болки во грлото, треска и замор.

Доколку пациентите ги почувствуваат овие симптоми матичниот лекар препорачува брз тест за Ковид. Лекарите велат дека оваа недела 40% од пациентите кои го направиле брзиот тест се испоставило дека се заразени од Ковид-19. Враќањето на децата на училиште и температурните промени се очекува да ги зголемат случаите на Ковид, покрај другите вируси кои циркулираат.

Но, лекарите велат дека ситуацијата не е загрижувачка. Ковид-19 ја намали својата агресивност и болеста во оваа сезона наликува на блага состојба на грип.

Позитивните случаи во овој период се многу повисоки од официјалните бројки бидејќи не се тестираат сите кои имаат симптоми.