Во Аеродром се санираат 62 мини депонии

36

Започна големата еко – акција во Општина Аеродром, која се реализира во соработка со Град Скопје и неговите јавни претпријатија. Во следните неколку дена Општина Аеродром ќе ја опфати целата територија. Ке се санираат 62 мини депонии и ќе се уредат 22 потези зеленило.

– Дополнително, ќе се заменат дотраените контејнери, ќе се санираат улици и ќе се исчистат сливниците на паркинзите и автобуските станици, потенцираше градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.
Механизацијата за чистење на дивите депонии тргна од булеварот “Трета македонска бригада# и се упати кон Железничката станица во Мичурин, потоа во реонот околу Мајчин дом, Ново Лисиче, Реонски центар, околу амбулантата и трговскиот центар во населбата Лисиче, како и во Горно Лисиче.
Во акцијата се вклучени и околу 1.000 лица, кои работат на различни локации низ целата територија на Општина Аеродром.

“Со оваа акција ја потврдуваме заложбата за чисти улици и тревници секаде во Аеродром. По нејзината реализација, ќе продолжиме со уредување и со тековно одржување на јавните површини”, изјави градоначалникот Марин.