Во Австрија се фрлаат по еден милион тони храна, во Македонија само 12 тони

37

Секој Австриец, во просек, фрла 60 килограми храна годишно во ѓубре, покажува истражувањето на иницијативата против расфрлање храна.

Вкупно, во Австрија годишно се фрлаат околу милион тони храна, од кои половина се должи на неодговорно однесување на домаќинствата.

– Најголемиот дел од фрлена храна се случува во домовите на Австријците. Честопати е тешко детално да се испланира. Имаме големи барања за тоа како треба да изгледа храната за да ја јадеме, рече Георг Штрасер од иницијативата „Тоо Good Go”.

Во нашата земја, пак, според податоците на „Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации” (ФАО), 30 проценти од храната завршува како отпад, или станува збор за 12 тони со кои можат да се нахранат 26 илјади наши сограѓани.

Тоа покажува дека сите што се во системот на социјална заштита и примаат одреден додаток ќе може да им се надополни дневното мени и да добијат соодветен оброк. Со тоа дополнително може да се намали проблемот со сиромаштијата.

„Сите сити„ е мрежа од 31 граѓанска организација која функционира во 10 градови во земјава. Организацијата помага на 7.000 граѓани кои некои на дневна, неделна или месечна услуга добиваат од храната.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ја рангира Македонија на осмото место во светски рамки по количините фрлена храна според бројот на жители.

Во светски рамки речиси една третина од вкупно произведената храна на годишно ниво се фрла, 800 милиони луѓе живеат со ризик од глад, додека пет милиони деца умираат.

Милениумската цел на Обединетите нации до 2030 година да се преполови отпадот од храна, придонесе голем број земји да преземат активности во оваа насока и наместо фрлање, храната да се донира на најзагрозените.