Во Австрија жените работат 68 дена бесплатно и заработуваат 18,5 отсто помалку од мажите

26

Во Австрија жените имаат за петина помали примања од мажите, покажуваат статистичките податоци.

Жените вработени на полно работно време заработуваат за 18,5 % помалку од мажите и работат 68 дена „бесплатно“, произлегува од анализата на Сојусот на синдикати и Работничките комори.

Причината за разликата во примањата, пред се е поради грижата за децата.

Во осум од десет семејства само жените одат на породилно, објаснува Ингрид Мориц, шефица на Одделението за жени и семејства во Работничката комора.

Речиси половина од жените работат само на половина работно време, што е уште една причина за разликата во примањата.

Исто така, жените работат на работни позиции со помали примања, како што се фризерки, продавачки, хигиеничарки, наведува Работничката комора, пренесува Танјуг.

Инаку, висината на разликата во примањата зависи и од покраината.

Додека жените во Виена заработуваат „само“ 13 % помалку од мажите, во покраината Форарлберг, таа разлика е 26 %.