Војската на САД го собори кинескиот шпионски балон, објавени првите снимки/ВИДЕО

239
EPA-EFE/NELL REDMOND

Американската војска го собори кинески шпионски балон кој леташе над Атлантскиот Океан, пренесува Fox News.

Кинескиот балон бил соборен над Атлантскиот Океан. Американската војска го соборила додека тој бил над брегот на Јужна Каролина.

Да потсетиме, овој балон леташе над територијата на САД неколку дена.

Пентагон денеска објави дека кинескиот балон бил над централните области на Соединетите Американски Држави, а Вашингтон ги отфрли тврдењата на Пекинг дека авионот не се користи за надзор, туку за метереолошки потреби.
Прес секретарот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер, претходно денеска одби да открие повеќе детали за точната позиција на балонот и дали САД сè уште размислуваат да го соборат. Американската војска ја отпиша таа можност поради потенцијалниот ризик за населението на теренот, изјавија официјални лица.

Во меѓувреме, беше објавена и снимка од уривањето на кинескиот балон.