Војвотката од Јорк во шок: Убиена нејзина поранешна лична асистентка

84
EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Сара Фергусон и оддаде почит на својата поранешна лична асистентка откако ја доби веста за нејзиното убиство во САД.

Војвотката од Јорк рече дека е „шокирана и тажна“ кога дознала за смртта на Џенин Чепмен, со која претходно соработувала како член на кралското семејство.

63-годишната војвотка рече дека г-ѓа Чепмен (46) била „лојална, вредна, убава и забавна“ жена и вети дека ќе му помогне на нејзиното семејство да го плати нејзиниот погреб.

Телото на г-ѓа Чепмен беше пронајдено од полицијата во нејзиниот стан во Далас, Тексас во понеделникот, само пет месеци откако таа се пресели во градот. Полицијата во Остин, Тексас, во средата уапсила 48-годишен маж, Џејмс Патрик, под сомнение за нејзиното убиство, објави NBC 5 Dallas-Fort Worth, пишува Daily Mail.

Тој останува во притвор.

Г-ѓа Чепмен започна да работи со војвотката од Јорк откако дипломирала ТВ, филм и продукција на Универзитетот Сиракуза во Њујорк и тоа било нејзина прва работа.

Во изјавата објавена на нејзината страница на Инстаграм, војвотката напиша: „Шокирана сум и тажна што дознав дека Џенин Чепмен, која работеше со мене како лична асистентка пред многу години, е убиена во Далас на само 46-годишна возраст. осомничениот е во притвор.

Џенин беше лојална, вредна, прекрасна и забавна и моето срце се кине за нејзиното семејство и пријателите. Се слушнав со неа пред само неколку месеци и изгледаше многу среќна. Нејзиното семејство собира пари за да го пренесе нејзиното тело назад во Њујорк и да ги плати правните трошоци и трошоците за погреб. Ќе дадам донација и на секој можен начин ќе го поддржам семејството“, напиша таа и ги повика другите да помогнат.

Семејството на г-ѓа Чепмен тврдеше дека откако живеела во Њујорк, таа работела во Сан Франциско пред да отпатува во Далас за нова работа.

Говорејќи пред новинарите откако беше пронајдено нејзиното тело, сестрата на г-ѓа Чепмен, Никол Маршал рече: „Таа беше пример“.

Полицијата го откри телото на г-ѓа Чепмен во нејзиниот стан на улицата Елм во Далас околу 13:15 часот во понеделникот, 25 септември. Нејзината смрт првично беше истражена како „необјаснета“, пред обдукцијата да ја одреди нејзината смрт како убиство. Еден ден подоцна, Џејмс Патрик (48) беше уапсен од полицијата на Универзитетот во Тексас под сомнение за убиство.