Вооружен напад на трафостаници во САД, десетици илјади луѓе со денови без струја

38
Две трафостаници во округот Мур, Северна Каролина, САД се оштетени од истрели од огнено оружје, а штетата е толку голема што ќе бидат потребни денови за да се поправат трафостаниците, а дотогаш десетици илјади луѓе ќе останат без струја.
Ова денеска го соопштија надлежните и дека случајот се истражува како кривично дело. Прекинот на струја низ округот Мур во саботата навечер ги натера властите да прогласат вонредна состојба со полициски час во текот на ноќта.
Училиштата во таа област денеска се затворени.
„Овој тип на напад на витална инфраструктура е сериозно, однапред смислено кривично дело, и очекувам државните (Северна Каролина) и федералните (САД) власти да го истражат темелно и да ги изведат одговорните пред лицето на правдата“, напиша гувернерот на Северна Каролина Рој Купер на Твитер. 
Шерифот на округот Рони Филдс за новинарите изјави дека властите сè уште не го утврдиле мотивот за нападот.
Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот на трафостаниците, изјави Филдс и изјави дека во истрагата е вклучено и ФБИ, а нападот „бил цел“ и дека „не бил изведен случајно“.
Според него, некој паркирал возило, „отворил оган на едната, а потоа и на другата трафостаница“, и на двете им биле искршени капиите, а столбовитр од капиите биле искорнати.
Затоа полицијата сега чува и други трафостаници и локални стопански објекти.
Од понеделник наутро, во округот Мур без струја останаа 35.400 корисници.
Бидејќи времето е студено, спортски комплекс во градот Картинг е претворен во загреано засолниште за граѓаните.
Портпаролот на Дјук Енерџи, Џеф Брукс, изјави дека неколку компоненти на трафостаницата се оштетени и мора да се вратат и заменат и дека компанијата ќе се обиде да ја врати струјата што е можно поскоро.
Сепак, тој ги предупреди потрошувачите на можноста да останат без струја уште неколку дена. Округот Мур има околу 100.000 жители и е познат по терените за голф во Пајнхарст.