Вонреден инспекциски надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите во општина Аеродром

86

Инспекциската служба на Општина Аеродром денеска спроведува вонреден надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите на целата територија на општината, откако вчера стапија во сила интервентни мерки против загадувањето на воздухот.

– При контролата е констатирано дека на целата територија на Општина Аеродром генерално се почитуваат интервентните мерки, а вонредниот надзор ќе продолжи и во наредните денови. Мерките беа воведени веднаш по известувањето од Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два дена по ред го надминува законски пропишаниот минимум, односно изнесува над 188 μг/м3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат – отенцираат од општина Аеродром.

Оттаму нагласуваат дека ги почитуваат воведените мерки и денеска од работа ослободи седуммина вработени од критичните групи. Исто така, двојно е намалена употребата на службените возила. Повеќето од вработените, вклучувајќи го и градоначалникот, утринава стигнаа пеш или со велосипед до работните места.