Волкановски го одбрани појасот во УФЦ

23

Австралискиот УФЦ борец со македонско потекло, Александар Волкановски ја одбрани титулата шампион во перо категорија, откако го победи предизвикувачот,

Американецот Брајан Ортега. Во „Т-мобиле арена“ во Лас Вегас, се очекуваше, детронизирање на Волкановски, кој не е многу популарен кај Американците, но тој ги замолчи сите совладувајќи го Ортега со едногласна судиска одлука (49:46, 50:45, 50:44)

Долго ќе се зборува за третата рунда во која Ортега двапати се обиде да го заврши Волкановски со зафат. Прво проба со гилотина, потоа триаголник со нозе и во двата случаја го имаше цврсто во преграб, но Волкановски се извлече и се истури со удари врз истрошениот противник. Откако се огласи сирената за крај на третата рунда, Ортега уште неколку секунди лежеше, без енергија да се крене, дури мораше во октагонот да влезе и доктор за да процени дали е способен да продолжи.

Ова е втора одбрана на појасот во перо категорија за Волкановски и 20. победа во низа во неговата ММА-кариера – (23:1). Ортега го претрпе вториот пораз во 17 борби. Волкановски е роден во Варила, Австралија, од мајка Гркинка и татко Македонец, но во сите свои борби настапува под австралиското знаме