На натпревар на американските основни училишта во северен Вермонт се случи трагедија која го потресе светот.
Имено, за време на натпреварот помеѓу Албург и Сент Албанс се степале родителите на децата кои ги гледале, а еден маж починал како последица на тешките повреди.
Полицијата брзо реагирала, дошла на местото на настанот, но мажот по име Расел Жиру (60) се пожалил на повреди. Тој бил префрлен во болница, каде од здобиените повреди во тепачката починал.
Еден родител успеал да ги сними сцените од бруталната тепачка.
- Ми треба да го споделите видеото од кошаркарскиот натпревар на ќерка ми во основно училиште. Родителот е убиен. Што не е во ред со оваа земја?, напиша тој на Твитер.
@CNN Man killed at middle school basketball game in Vermont pic.twitter.com/XeemBOl042
— dpat (@HalfBaked802) February 1, 2023
Се огласи и мајката на еден од студентите, која откри што и претходело на насилната смрт на таткото на браќата Жиру.
- Таткото со постариот син го гледаше помалиот. Навивач на Алборг упати расистичка навреда кон постариот син, таткото почна да го брани настана пеколна атмосфера, изјави мајката на една од кошаркарките.