Дали ја паметите атрактивната ТВ-водителка и ТВ-патописец Берта Додевска? Секако дека ја памтат добар дел од вас, особено оние што не ги пропуштале нејзините интересни емисии во кои таа ги прикажуваше природните убавини од најразлични места на Земјината топка, но и правеше интервјуа со популарни личности. Инаку, со новата технологија, иако ја нема така често на малите ТВ-екрани, таа сега е почесто присутна на социјалните мрежи, преку кои споделува свои фотографии. Во ова жешко време, може да ја видиме згодната водителка и во костими за капење, кои совршено ѝ стојат на извајаното тело. Без разлика што е влезена во петтата деценија, Берта си е Берта!

Годините ѝ се само некоја пуста бројка, а таа е како девојче. Особен впечаток остава во дводелниот црвен костим за капење и со својата стандардно омилена фризура „а ла Берта“ со која им стана инспирација на многу други девојки во Македонија. Насмеана, релаксирана, летно расположена и сосема одморена, далеку од професионалните обврски, Додевска е во Струга, каде што го минува дел од летото. По многубројните светски атракции што ги прошета со камерата, изборот падна на македонската Струга, бидејќи и самата се согласува со онаа познатата поговорка дека како Струга нема друга. А и дома си е дома! Ние на ова би додале дека сега Струга си ја има својата убава Берта, како за чиста десетка, а ѝ нема друга! (Д.М.)