Внукот на Шабан Шаулиќ е фудбалер – девојките му се нудат за брак, а тој има ќерка

161

Легендарниот, прерано починатиот пејач Шабан Шаулиќ има внук, а тој се вика Лука Аџиќ. Роден е во 1998 година. Кога дедо му Шабан бил на неговите години исто така играл фудбал, но потоа животот го однесе во музиката. Лука по професија е фудбалер од онаа помладата генерација, на новонадежни мајстори на топката. Лука е инаку син на Санела, ќерката на Шабан. Санела со текот на времето се разведе од Иван Аџиќ. Пејачот има уште една ќерка, постарата Илда која е позната успешна пејачка на народна музика, но која паузира со естрадата и живее во Америка занимавајќи се сега со тенисот.
Но, самиот Лука Аџиќ, привлекува големо внимание не само заради тоа што е внук на фолк-легендата, туку е и мамка за голем број девојки поради својот атрактивен спортски изглед. Велат, дека им е ем убавина за очите, ем здравје додека го гледаат на фудбалскиот терен.

Лука најпрво играше за белградската „Црвена Звезда“ па, потоа се пресели во белгискиот првак „Андерлехт“, а сега е на позајмица во холандскиот прволигаш „Емен“. Игра и за помладиот национален фудбалски тим за Србија.
Девојките на социјални мрежи му пишуваат отворено дека не се рамнодушни кога го гледаат, па тие дури одат и до таму прашувајќи го дали е заинтересиран за брак? Но, неговата љубов за сега припаѓа на една Александра. Со неа Лука е веќе во брак, со неа ја има ќерката Лана. Кога обожавателки дознале за тоа, не го криеле своето големо разочарување, но не престанале да му пишуваат….. Д.М. фото:ФБ