Внуката на Северина Коиќ киднапирана од поранешниот сопруг

994

Семејството на Северина Коиќ го има пријавено нивниот зет за киднапирање на нејзината внука. Тој немил настан се случил уште пред две години кога и дошол крај на нивната љубов. Тој барал од неа да му врати 30.000 евра, а бидејќи внуката на Северина не го сторила тоа, се одлучил за драстичен потег – ја грабнал во загрепски хотел каде ја држел затворена 3 дена.

Семејството на Северина било многу исплашено бидејќи ѝ се заканувал со пиштол, поради што и полицијата морала да интервенира. За среќа, на девојката физички не ѝ наштетил, но таа претрпела голем стрес. По завршување на инцидентот тој се пожалил дека семејството на пејачката го пријавило за грабеж и вината ја префрлил на роднината на Коиќ, која му должела огромна сума пари.

Северина и порано има поднесувано пријави против него поради сомнеж дека се занимава со нелегални работи. Таа го има пријавено за хакирање на компјутер од кој се украдени нејзини експлицитни фотографии кои минатата зима завршиле на сите насловни страници. Нејзината внука не верувала дека нејзиниот сакан ја предал бидејќи станувало збор за голема љубов, а тој ја искористил првата прилика и им покажал дека со него нема шега. За сега сè уште не е познато што се случува со процесот.

Фото:Инстаграм

Извор: Скандал