ВМРО-ДПМНЕ: Со криминалното владеење на СДСМ нема да се доближиме до ЕУ и НАТО

13


Секоја паушална прес конференција на СДСМ е со цел за затскривање на сите криминалии на оваа ненародна власт.
СДСМ пред 2 години ветуваше брда и долини за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Ветуваа 500 евра просечна плата, ветуваа 100 000 денари плата за докторите, 15% поврат на ДДВ и уште еден куп шарени лаги, но граѓаните гледаат само еден куп скандали, тендери во 4 очи за кои ги добиваат функционерите од власта и партиски вработувања.
Младите во Република Македонија се целосно деградирани и омаловажени од страна на власта. Тие се почесто шансата за успех ја гледаат надвор од нашата земја и се повеќе млади решаваат да си заминат поради социо-економската состојба во државата предизвикана од СДСМ.
Република Македонија е жртва на задоволување на интересите на партиските функционери на сметка на младите. Примерот со фондот за иновации, наместо средствата да отидат кај перспективни, прогресивни и иновативни млади претприемачи, отидоа во џебовите на владини функционери за измислена топла вода.
Сведоци сме на секојдневни протести на земјоделците и истурање на нивниот род по улиците, оставени сами на себе земјоделците се принудени да гледаат како нивниот род скапува. Токму во струмичкиот регион земјоделците се соочуваа со ниската цена на бостанот, со која не можат да ги покријат трошоците, а не пак да преживеат од својата макотрпна работа.
Со ваквото криминално владеење на Заев, СДСМ и картелот на власт, нема да се доближиме до ЕУ и НАТО.
Зоран Заев и оваа криминална власт мора да заминат.
Народот и Република Македонија ќе победат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ