ВМРО-ДПМНЕ победува во 19 општини, СДСМ во 9

147

Државната изборна комисија ги објави конечните резултатите од 32 општини во земјава. Гласовите во останатите општини се уште се пребројуваат.

ВМРО-ДПМНЕ победи во 19 општини, односно во: Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште, Штип.

СДСМ извојува победа во 9 општини: Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Струмица.

ДУИ победи во три општини: Липково, Сарај и Пласница.