ВМРО-ДПМНЕ за референдумот: Секој граѓанин да постапи според своето убедување

25

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по Централниот комитет на партијата одржа прес конференција на која го искажа ставот за референдумот, кој треба да се одржи на 30.септември. Мицкоски на пред конференцијата соопшти дека партијата одлучила секој граѓанин да постапи според сопственото убедување за гласањето на референдумот.

„Македонија ни е се, нема партиите да одлучуваат, ќе одлучува нацијата“- истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ  е за членство за НАТО и влез во Европската Унија.

„Договорот со Грција за смена на името е документ кој јас и ВМРО не го прифаќаме, затоа што е надвор од нашите принципи. Ние остануваме на ставот дека сме против овој договор, секому е јасно дека со овој договор се менува уставот на Република Македонија“, кажа Мицкоски.

Тој додаде дека прашањето за името е едно од најзначајните за нашата држава.

„Ова е прашање кое задира во историјата, се однесува на иднината, на младите или сѐ уште не родените деца. Ова не е прашање само на Мицкоски, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ова е прашање за Македонија и сите нејзини граѓани. Ова се историски мигови, судбоносни за Македонија, посочи Мицкоски. Пред нас е огромна бездна – Договорот со Грција, тоа е бришење на идентитетот. Република Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е во тешка ситуација благодарение на неодговорни политичари.

На крајот Мицкоски рече дека е убеден дека Македонија е победи.