Влегува, плива, па излегува во дебела ладовина со топ-муабети….

163

И на познатиот некогашен естрадно-спортски менаџер Велибор Џаровски-Џаро жешкото лето му е веќе помалку здосадено. Не сака вакви екстремни вруќини, па избегал од Скопје барајќи спас во македонскиот Ерусалим. Сите кои го познаваат Џаро велат дека таму во поладниот Охрид му е најдобро. Уште подобро кога со него се ќерката, зетот, внуците, сопругата, пријателите… а, токму со нив со пријателите Џаро најчесто приквечер се среќава на пијачка во строгиот центар на главната Туристичка улица од каде што екс-менаџерот ги држи конците во свои раце. Сите случувања во строгиот центар на градот му се како на тацна. Сепак, преку ден кога ќе фатат тие неиздржливи вруќини, легендарниот менаџер не се разделува од освежителната езерска вода. Влегува и плива, а потоа пак во дебела ладовина, на топ-муабети… Нови, свежи вести од штотуку актуелната “Рекет“-афера на Џаро му се, со сигурност знаеме, главна тема поинтересна и од естрадата која, патем речено, ова лето за него беше тоа, па тоа, веќе видено. Д.М.