По долга пауза поради пандемијата, концерти на регионалните музичари повторно ќе се одржат во Белград. Нашиот светски познат гитарист Влатко Стефановски ќе настапи на сцената во паркот Ташмајдан на 30 јули, а концертната сцена на 31 јули е резервирана за Масимо Савиќ, објавија организаторите.

Почитувајќи ги епидемиолошките мерки, дирекцијата на Ташмајдан ќе започне да ги отвора портите за посетителите кои сакаат добар звук во јули.

Гитаристот, пејач и композитор Влатко Стефановски и V3 Trio ќе одржат концерт на 30 јули за ограничен број луѓе, почитувајќи ги сите мерки против пандемијата и препораките дадени од Владата на Србија.

Основачот на познатата рок група „Леб и сол“, откако раскина со членовите на бендот по 13 студиски албуми, имаше многу успешна соло кариера.

Стефановски претходно ќе настапи на 4 јули во Палиќ, а во Белград најпрво ќе свири на 3 јуни во салата Комбанк на Гитар арт фестивал, пренесува Танјуг.

Поп-пејачот Масимо Савиќ вели дека со нетрпение очекува конечно да се дружи со публиката на 31 јули во прекрасното здание на Ташмајдан, под отворено небо.

„Јас и мојот бенд сме веќе подготвени и со нетрпение очекуваме да размениме енергија и емоции. Се сакавме, нели?“, рече популарниот кантавтор.

По големиот хит „Мал круг на големи луѓе“, Масимо неодамна објави нова песна „Патуваме и кога стоиме“, која беше инспирирана од неодамнешниот земјотрес во Хрватска.

После Ташмајдан, пејачот ќе има концерт во Палиќ на 2 август.